67
Кога пред четириесет години се појави СИДА-та, светот беше преплашен. Иако денес не привлекува ни мал дел од вниманието што го привлекуваше тогаш, болеста сè уште е многу присутна.
Се проценува дека минатата година во Германија со вирусот ХИВ се заразиле околу 2.200 луѓе објави Институтот Роберт Кох.
Медицината денес може да ја држи инфекцијата под контрола. Без третман, пациентот има поголема веројатност да ја развие потенцијално фаталната СИДА.
Институтот Роберт Кох секоја година објавува проценка за бројот на новозаразени луѓе во Германија.