Повеќе од 700.000 луѓе си го одзеле животот во 2019 година, што значи дека еден од 100 смртни случаи во светот е предизвикан од самоубиство, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО), кои нагласуваат дека стапката е превисока.

На глобално ниво, стапката на самоубиства падна за 36 проценти помеѓу 2000 и 2019 година, посочува СЗО.

Пандемијата, пак, влоши многу од ризичните фактори за самоубиство, како што се губење на работата, финансиски грижи или изолација.

Земјите можат да спречат самоубиство со учење на младите како да се справат со емоционална или социјална криза, додава организацијата.

Други начини за справување со овој проблем се идентификување на луѓе кои имаат самоубиствени мисли и да им се укаже како да најдат помош, да поттикнат одговорно медиумско известување за самоубиства и да им отежнат на луѓето пристап до отрови како што се пестициди или оружје.

Самоубиството е четврта главна причина за смртност кај младите на возраст од 15 до 29 години, по сообраќајни несреќи, туберкулоза и насилство, според податоците на СЗО.

Повеќето од жртвите се мажи, 12,6 на 100 000 и жени 5,4 на 100 000.

Слични содржини