Иако Западот, особено САД и Велика Британија, со денови тврдеа дека на 15 или 16 јануари ќе започне наводната руска инвазија на Украина, тоа не се случи, а портпаролката на руското МНР Марија Захаров не ја пропушти можноста да го коментира тоа со голема доза на иронија.
Таа утрово најпрво го објави следниов коментар на нејзиниот „Телеграм“ канал.
„Барање до медиумите на САД и Велика Британија: „Блумберг“, „Њујорк тајмс“ и „Сан“, објавeте графикон за нашите „инвазии“ за наредната година. Би сакале да го планираме одморот“.
Во меѓувреме во официјална посета на Москва допатува и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.
Тој ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а најпрвин во Министерството за одбрана имаше средба со министерот Сергеј Шојгу и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Захарова објави фотографија на која Лавров и Шојгу со коментар, „Слика: Утро на 16 февруари 2022 година“.