288
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров имал намера да отпатува за Кина, но кон средината на летот неговиот авион се вратил назад пишува германскиот весник „Билд“.
На овие наводи реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа го нарече германски Билд „лажен водечки лист“ поради написот за наводниот лет на Лавров во Кина.
„Сергеј Лавров вчера до доцна работеше во Смоленка, а рано изутрината ги започна подготовките за преговори со колегите од Блискиот Исток во Москва“, напиша Захарова.
За денеска се предвидени разговори со шефот на Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати.