Захарова: Јасно е дека Европа сака да ја вооружи Украина за да ја продолжи војната

од Milan1
26 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Украина мора да одлучи дали ќе учествува во разговорите за меморандумот што му претходи на евентуалниот мировен договор предложен од Москва. Таа ја даде изјавата на редовниот неделен брифинг, објави Ројтерс.

Според Захарова, европските сојузници на Украина се обиделе да го спречат продолжувањето на директниот дијалог меѓу Москва и Киев, но не успеале. Зборувајќи за најновиот пакет санкции на Европската Унија, таа рече дека Русија „никогаш не одговара на ултиматуми“.

Да потсетиме дека по вчерашниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина за изготвување меморандум што би бил основа на иден мировен договор. Според него, напорите за запирање на војната во Украина „се на вистинскиот пат“. Путин најави дека разговорите треба да ги вклучат клучните принципи на договорот, како и дефинициите и временската рамка за евентуално прекин на огнот.

Захарова истакна дека се надева оти Украина ќе заземе конструктивен став во врска со предложените преговори, „заради сопственото самоодржување“. „Сега, според тоа, топката е во дворот на Киев“, рече таа.

Осврнувајќи се на новообјавените санкции на Европската Унија, таа рече дека Русија нема да се покори на никакви ултиматуми и додаде дека „јасно е дека Европа сака да ја вооружи Украина за да ја продолжи војната“.

Слични содржини