Раководството на Украина ја пропушти шансата да ја задржи земјата во своите граници. Ова на брифинг го изјави официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува руската агенција „Интерфакс“.
„Ја покануваме администрацијата на Зеленски, не знам како да ја наречам, оваа група пријатели, да размисли за судбината на земјата, луѓето, животот на населението, да донесе заклучоци, да донесе соодветни одлуки. Тие веќе ја пропуштија главната шанса за постоење на Украина во нејзините граници, суверена Украина, независна Украина“, изјави претставник на руското Министерство за надворешни работи.
Според неа, таа шанса ја добиле во 2014 и 2015 година.
„Сите платформи беа искористени за да се објасни дека едноставно нема друга опција за државата Украина, освен преземање соодветни чекори во рамките на акцискиот план од Минск. Во спротивно, државата ќе се распадне, како што гледаме сега, пред очите на целиот свет“, рече Захарова.