Захарова: Руската страна е подготвена за сериозни преговори

од Milan1
14 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека руската делегација пристигнала во Истанбул, каде што се планирани разговори за решавање на конфликтот во Украина, објавија руските медиуми.

„Како што беше кажано во неколку наврати, руската страна е подготвена за сериозни преговори, а руската делегација пристигна во Истанбул и е подготвена за сериозна работа“, изјави таа на прес-конференција во Москва, објави Интефакс.

Захарова потсети дека на 11 мај рускиот претседател Владимир Путин презентирал иницијатива за продолжување на директните преговори меѓу двете страни, предлагајќи преговорите да започнат без одложување и предуслови со цел да се отстранат суштинските причини за конфликтот и да се оди кон воспоставување долгорочен, траен мир.

Слични содржини