Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека таканареченото Косово, со својата квази-независност, е „дете на Западот и плод на агресијата на НАТО во 1999 година“ и нагласи дека Белград одамна покажа дека е способен за договор и има искрени намери, но дека и покрај тоа, добива закани и уцени.
„Денес, гледаме како спонзорите на овој проект, со лицето на Вашингтон, Брисел, се занимаваат со легализација на одвојувањето на оваа исконска српска земја од Србија, тие се потчинети на (премиерот на привремените приштински институции Албин) Курти во сите негови идеи, тие затвораат очи пред отворената саботажа, извршена од претставници на Приштина, на сопствените обврски. Прво тоа е воспоставување на Заедницата на српски општини во Косово и Метохија. Сето ова беше договорено и потврдено на меѓународно ниво“, рече Захарова, пренесува Спутник.
Таа изјави дека на Западот не му се допаѓа ставот на Србија за непризнавање на таканареченото Косово и недавање место на Приштина во Обединетите нации.
„Ми се чини дека притисокот врз Белград е бескорисен во таа смисла. Тие мислат дека ќе го променат политичкиот пристап на Србија, влијаејќи на раководството, политичарите на некој начин. Тие не разбираат дека за Србија ова не е политички пристап, туку егзистенцијално прашање. Ова е суштината, културниот код, историјата, она што историски го формира овој народ“, смета Захарова.
Според неа, ако треба да се влијае на некого, тоа се претставниците на Приштина, а не официјален Белград.
Захарова наведува дека меѓународната заедница треба да им помогне на Белград и Приштина да постигнат меѓусебно прифатливи договори.
„Тука има нешто на што треба да се работи. Ова е предвидено со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН. Овој документ е основа за регулирање на ситуацијата и затоа треба да се потпреме на него“, рече Захарова.