176
За да се обезбеди безбедноста на посетителите во текот на туристичката сезона, властите одлучија да ја затворат познатата плажа Навагио на островот Закинтос и оваа година.
Врз основа на министерска одлука, се забранува пристап до плажата, како од копно, така и од море, со законски предвидени казни за оние кои ќе го прекршат ова правило.
Плажата ќе остане недостапна за јавноста сè до 31 октомври 2024 година. Претходната година, Навагио исто така беше затворена поради зголемен ризик од одрони на земјиштето, предизвикани од ерозија.