Ноќта на 02.03.2016 и 03.03.2016 година во периодот од 22.00 до 08.00 часот во Тетово во угостителски објект на ул. „Борис Кидрич“ непознат сторител извршил „предизвикување на општа опасност“. Имено, на 03.03.2016 година бил пронајден залутан проектил 7,62 мм, кој бил на подот во една од гостинските соби, во која не престојувал никој. Увид извршила екипа од СВР-Тетово, а проектилот е обезбеден. СВР Тетово презема мерки за расчистување на настанот.
На 03.03.2016 година во 13.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај тунелите Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање ПМВ “БМВ“ со скопски регистарски ознаки, но на даден знак, возачот не застанал и продолжил со движењето. Полициските службеници успеале да го пресретнат возилото во близина на с.Криволак. Во возилото биле пронајдени 13 мигранти од Пакистан, а на околу 1000 метри од возилото бил фатен и возачот А.Ф. (26) од с.Блаце, скопско. За настанот бил запознаен ЈО, кој дал насока на македонскиот државјанин да му биде поднесе кривична пријава, а мигрантите да бидат сместени во Прифатен центар за странци.
Обвинител нападнат во судница
На 03.03.2016 година во 13.00 часот во Прифатниот центар за бегалци во Табановце пристигнале 11 лица – мигранти од Сирија (сите без лични документи за идентификација, а девет од нив со грчки документи за регистрација на бегалци) и пријавиле разбојништво. Во разговор со полициски службеници истите изјавиле дека пред седум дена илегално влегле во Р.Македонија и дека после два дена пешачење, на точно неутврдено место, биле пресретнати од 7 непознати лица, кои со закана со пиштоли и ножеви, на осуммина од нив им одзеле вкупно 2.920 евра. По извршениот разговор мигрантите се сместени во Прифатниот центар за мигранти во Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.03.2016 година околу 15.00 часот Е.С. (51) од с.Слатина, тетовско, изведувајќи градежни работи, на парцела во с.Слатина пронашол неексплодирана артилериска граната 100 мм без ознаки. По овластување на Јавен обвинител извршен е увид од страна на екипа од СВР-Тетово, а од страна на одговорно лице од ДЗС гранатата е безбедно подигната.
На 04.03.2016 година во 00.30 часот во Скопје на ул. „Орце Николов“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ “Пежо 107“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (29) од Скопје, удрило во пешакот А.Н. (21) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во УЦ „Мајка Тереза“. Истиот е задржан на „КАРИЛ“ и е во животна опасност. Увид извршила екипа од СВР-Скопје.
На 03.03.2016 година во 23.30 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во с.Дабиле, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ “Фиат Пунто“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Н.З. (56) од Струмица, удрило во пешакот А.М. (72) од Струмица. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој бил пренесен и задржан на лекаување во МЦ-Струмица. Увид извршила екипа од СВР Струмица. Кај возачот било констатирано присуство на алкохол во крвта од 1,47 промили.
