Врховниот командант на Вооружените сили на Украина Валериј Залужниј информираше дека украинската војска фатила заробеници, односно како што рече двајца руску окупатори.
„Украинската војска фати заробеници, двајца руски окупатори на единицата 91701 на моторизираниот пешадиски полк Јампол. Непријателот трпи загуби. Четири непријателски тенкови се изгорени на обиколницата во Харков. Руски трупи ја напаѓаат границата во Житомирската област. Непријателската воена техника го премина контролниот пункт Вилча. Граничарите заедно со украинската војска ја прифатија битката. Удари со Град беа извршени на станицата за гранична стража кај Млачивка.
Во зависност од ситуацијата, единиците на граничната стража се прераспоредуваат на резервни позиции комуницират со Вооружените сили на Украина и Националната гарда. Непријателот не само што нападна гранични единици, туку и цели во градови на Украина. Главната цел е да се алармира јавноста и да се стават надвор од функција одредени воени инсталации и критична инфраструктура“, изјави Залужниј.