Западните земји разговараат за условите за мир во Украина

од Nikola Popovski
105 прегледи

Западните земји разговараат за тоа кои би можеле да бидат условите за склучување на мировен договор меѓу Украина и Русија, но во оваа фаза не се инсистира на заклучоци, пишува Волстрит журнал, повикувајќи се на свои дипломатски извори.

„САД и нивните сојузници не гледаат посебни изгледи за пријателско решение во Украина во блиска иднина, со оглед на тоа колку се високи влоговите за Москва и Киев и колку се уверени двете страни во можноста за победа во оваа војна“, пишува Волстрит журнал, пренесува Тасс.

Западните земји велат дека е потребна зголемена реторика во корист на преговорите за да се убеди домашната јавност дека лидерите на земјата се фокусирани на постигнување праведен мир.

Во текстот се наведува дека некои западни земји се загрижени за иницијативите за организирање евентуални преговори кои претходно ги презентираа Германија и Франција, но се додава дека, генерално, единството на Западот по прашањето за Украина сè уште опстојува.

„Подоцна може да се појави раздор доколку, на пример, Украина одлучи да ги бојкотира преговорите до целосно враќање на сите територии, вклучувајќи го и Крим“, пишува Волстрит журнал.