Запалени руски тенкови: Снимката од Вуледар од дрон покажува како Украинците брутално ја таргетираат војската на Путин (ВИДЕО)

од Radmila Tasevska
188 прегледи

Украинската армија објави на Телеграм ново видео од уништувањето на руските тенкови кои се движеа кон Вуледар, град во источна Украина.

На видеото снимено од дрон се гледа моментот кога украинската артилерија цели на неколку руски тенкови и оклопни возила.

На видеото се гледа и руски војник како бега пред тенк кој бил директно погоден. Во вториот дел од видеото се гледа уништување на руско оклопно возило, по што руски тенк се врти и се повлекува во правецот од кој дошол.