Започна чистењето и дезинфицирање на околината над велешко езеро „Младост“

од Vladimir Zorba
288 прегледи

По првомајските празници и годинава се чисти сметот над велешко езеро „Младост“..Денеска се чистеа улиците од населбата над хотелот „Романтик“, а чистењето ќе продолжи и во наредните денови, информира за МИА, Данка Илиева од Р.Е Комунална хигиена при ЈКП „Дервен“.

Таа информира дека и во текот на празниците вработено лице на ЈКП Дервен„ редовно ги чистело видиковците и двете патеки.

Илиева информира дека во наредните денови со цистерна на ЈКП „Дервен’ повторно темелно ќе бидат измиени со вода и дезинфекционо средство сите патишта и патеки околу рекреативното езро „Младост“.