Започна изградбата на живеалиштето за фламинга и пингвини во Зоолошка

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Во ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ започна изградбата на живеалиштето за фламинга и пингвини.

Ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините на пролет. Финансиите за живеалиштето ги обезбеди Град Скопје.

„ЗОО Скопје конечно за првпат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом изграден по светски стандарди“, велат од раководството на Зоолошката.