Со обраќање на премиерот Зоран Заев започна собраниската седница за ратификација на Договорот со Грција. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствува на седницата.

„Имаме договор со јасно обележје на нашиот македонски идентитет, на нашиот македонски јазик, за век и векови. Никому ништо не сме му подариле ниту некој ни земал нешто кога се договоривме за географска одрдница. Ова е храбар чекор во интерес на иднината на граѓаните и нашите деца, за спокојна иднина. Да ги отфрлиме манипулациите и излолацијата и да му понудиме шанса на договорот,“ рече Заев.

-Три копчиња пред вас, зеленото е за сите оние што ја сакаат Македонија, тоа го правиме за нашите деца, за иднината, не за да не пишува во учебниците по историја. Црвеното и жолтото, но и бегањето од одговорност е непрмиерно да го покриваш лицето со маска кога се крои иднината на твојата земја. Секој од нас ќе го памети овој ден, тие што не се тука треба да се прашаат дали преземале одговорност кон иднината, кон Брисел или избегале криејќи се кон неодлучноста. Денес навистина се раѓа тоа новото сонце на слободата, правичното сонце на еднаквоста, рече пратеникот Артан Груби.

Договорот вчера ги помина двете фази, прво на пленарна седница, на која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против ратификување на договорот по скратена постапка и ја напуштија собраниската сала, а потоа и во Комисијата за европски прашања.

По ратификацијата, Договор треба да биде потпишан од претседателот Ѓорѓе Иванов, кој денеска уште еднаш потврди дека нема да го даде својот потпис.

Слични содржини