Арсовска: Куќарките не се новогодишни, еве сега се поставени во пролет дали тоа ги прави пролетни?

од Nikola Popovski
2,6K прегледи

Бидејќи се продолжува повеќе од две години во низа, со напади врз градот и манипулации во обид за јавен линч, мораме да демантираме и јавноста да ја информираме тука бидејќи друг начин немаме, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако на плоштадот „Македонија“ повторно беа вратени куќарките кои повеќе од три месеци стоеја на просторот и беа поставени во пресрет на новогодишните празници.

Според Арсовска, куќарките не се на градот туку на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, а во функција за Отворените денови на 23 скопски средни училишта кои во следните неколку дена на плоштадот ги запознаваат полуматурантите од градот и земјата со образовните програми и профили кои ги нудат.

-Куќарките не се новогодишни, еве сега се поставени во пролет дали тоа ги прави пролетни, прашува Арсовска и додава:

-Ги повикуваме медиумите да проверат низ останатите градови каде од Нова година па Велигден и до денес се уште не се поместени куќарките кои се поставени, за да нема перцепција дека за Скопје има хајка за истото! Ајде секој ден ќе си читаме лажни вести, малициозни манипулации и напади како и во изминатите две години. Ама за другите од било која гарнитура не смеете збор да пишете. Како и до сега, остро реагира градоначалничката, објавувајќи фотографија од дел од медиумите кои ја објавија веста за враќањето на куќарките.

Лани градот беше украсен на десет дена пред Нова година, а украсите од улиците почнаа да се вадат дури во март. Одговарајќи на критиките дека градот доцна беше украсен, Арсовска кажа дека во 2024 година ќе се накити уште во септември.

-Како ќе оправдаат после мандатот, кога ќе треба да платат 300.000 евра за украсување за Нова година? Над 2 милиони евра земале изминативе години. Сега по јавен повик, украсувањето чини 30.000 евра. Ние славиме Божиќ на 7-ми јануари, секоја година во исто време. Јас им ветувам на граѓаните дека следна година од 20-ти септември ќе почнеме да украсуваме, за да биде навремено и да не се чувствуваат дека не сме почнале на време, изјави Арсовска во декември 2023 година.

Слични содржини