Започна втората фаза од испуштањето вода од Фукушима

од Stefanija Kuzmanovska

Утрово во Јапонија започна втората фаза на испуштање на прочистената вода од оштетената нуклеарна централа во Фукушима во Тихиот Океан, соопшти операторот.

На 24 август Тепко ја започна првата фаза на испуштање на водата неопходна за ладење на трите реактори на електраната Фукушима Даичи во североисточна Јапонија.

Силен земјотрес и цунами на 11 март 2011 година ги уништија системите за ладење на реакторот, предизвикувајќи контаминација на водата.

Околу 1,34 милиони тони вода се собрани, прочистени и складирани во околу 1.000 резервоари, чиј капацитет ќе биде исполнет на почетокот на 2024 година.

Испуштањето на пречистената отпадна вода во океанот наиде на силно противење од страна на јапонските риболовни организации, како и кинеските и јужнокорејските здруженија, претворајќи го во политичко и дипломатско прашање.

Слични содржини