Започнува првото судење на руски војник за воени злосторства

од Nikola Popovski
252 прегледи

На првиот руски војник (21) ќе му се суди за наводно воено злосторство, пренесува Интерфакс изјавата на главната украинска државна обвинителка.

Ирина Венедиктова денеска соопштила дека на млад војник, кој моментално е во притвор, ќе му се суди за убиство на невооружен цивил во украинскиот регион Суми.

8.000 истраги за воени злосторства

Минатиот месец, Венедиктова информира дека имало „огромен број случаи“ во кои руските сили убиле украински цивили.

Таа рече дека нејзиниот тим работи на речиси 8.000 случаи на воени злосторства низ целата земја. Венедиктова подоцна тврдеше дека нејзината канцеларија идентификувала 10 руски војници обвинети за масакрот во Буча, град од кој доаѓаат се повеќе докази за масовни убиства на цивили.