Владимир Путин изрази надеж дека во борбата со “Исламска држава” нема да дојде до употреба на нуклеарно оружје, соопшти news.ru, повикувајќи се на објавен стенограф од неговата средба со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Рускиот претседател ги коментира нанесените удари против терористите од подморница и во исто време истакнува дека новата висока ефикасност на оружјето на руската армијата- ракетите “калибар” и Х-101 овозможуваат таква можност.
Го дрмаат ли воените авантури тронот на Путин?
“Овие проектили дозволуваат да бидат опремени со нуклеарно оружје, а во борбата со терористите се надевам оваа можност да не биде никогаш користена”, вели Путин. Тој, сепак нагласува во разговорот со Сергеј Шојгу, дека е задоволен од прикажаното ново оружје што зборува за усовршување на оружјето и техниката на армијата.