Украинската армија фалсификувала информации за нејзините припадници кои загинале во борбите, означувајќи ги како дезертери или исчезнати во акција, тврди заробен украински војник во видеото објавено денеска од руското Министерство за одбрана.
„Ситуацијата беше тешка и не можевме да ги извадиме телата на загинатите војници во битка. До средината на март добив наредба од командантот на бригадата да ископам ров широк два метри и долг 50 метри“, изјави украинскиот воен затвореник Никита Лазаренко, објаснувајќи дека во тој ров се закопани околу 50 негови соборци, пренесува ТАС С. .