Застари случајот против Демири за кршењето на народната канцеларија на Иванов

од Nikola Popovski
160 прегледи

Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска информираше дека застари судскиот случај против Мариглен Демири од Левица.

-Предметот за Мариглен Демири е заведен во Основниот кривичен суд во Скопје во 2016 година под референтен број К-1271/16. Во овој предмет на обвинетиот му се ставаше на товар кривичното дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ од член 385 став 1 од КЗ за кое е предвидена парична казна или казна затвор до три години. Иако во текот на судската постапка беа закажани повеќе од 20 рочишта за главна расправа, на 13.04.2022 година настапува апсолутна застареност на кривичното гонење, соопштија од Коалицијата.

Демири беше обвинет дека учествувал во демолирањето на Народната канцеларија на тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов. Државата од него бараше отштета и од 8.500 евра.

Слични содржини