Тинејџерот Ф.Ј.(18) е тешко ранет во жестока пресметка што се случила рано утринава на „Лабудово Брдо“ во белградска Раковица и итно бил пренесен во Ургентниот центар каде се борат за неговиот живот. Пукотниците се случиле нешто пред 3 часот на улицата 11-та краина дивизија, а младиот човек во бесознание со тешки повреди веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде бил опериран.
Повеќе детали од местото на пресметката се уште не се познати, а полицијата интензивно работи на откривање и пронаоѓање на напаѓачот.
Како што се дознава, 18-годишникот седел во автомобилот. Непознато лице му пришло и испукало неколку истрели кон него, од кои еден завршил во градите на младиот човек.
Неговиот татко со истиот автомобил го пренел во ургентниот центар, каде тинејџерот се бори за живот.