19
– Триесет и четиригодишниот А.Б. од Батинци пријавил во МВР дека во неговиот двор пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое го оштетило ветробранското стакло од неговото возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, информираат од МВР.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.