Затворен поранешен мексикански министер, земал мито од картелите против кој требало да се бори

од Milan1
20 прегледи

Џенаро Гарсија Луна, кој со години ја водеше борбата на Мексико против насилната трговија со дрога во таа земја, треба да го помине остатокот од својот живот во затвор откако примил мито за да ги заштити картелите со кои требаше да се бори, соопшти американското Министерство за правда.

Гарсија Луна (56) се соочува со казна на 9 октомври во федералниот суд во Бруклин пред американскиот окружен судија Брајан Коган, откако беше осуден во февруари 2023 година за учество во криминален потфат за дрога, учество во разни заговори и давање лажни изјави.

Обвинителите соопштија дека Гарсија Луна, министер за јавна безбедност на Мексико од 2006 до 2012 година, земал милиони долари мито од картелот Синалоа, некогаш предводен од Хоакин Гузман Лоера, попознат како Ел Чапо.

Во замена, тој стана „клучен сојузник и член“ на картелот, штитејќи ги членовите од апсење и пружајќи помош додека транспортираше повеќе од милион килограми кокаин преку Мексико во САД, соопштија обвинителите.

-Тешко е да се прецени големината на злосторствата на обвинетиот, смртните случаи и зависностите кои тој ги помагал и неговото предавство на народот на Мексико и на САД, наведе американскиот обвинител Бреон Пис во писмо до судијата.

Гарсија Луна се соочува со задолжителна минимум 20 години затвор.

Обвинителите рекоа дека Гарсија Луна всушност живеел одвоени животи, работејќи со американските наркотици и разузнавачки агенции додека тајно бил на платен список на картелот Синалоа.

Слични содржини