Затворена една од најголемите пиратски услуги

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Најголемата светска асоцијација за борба против пиратеријата, Алијансата за креативност и забава (ACE), објави дека успеала да исклучи еден од најголемите светски сервиси за преземање нелегално добиени содржини, Extreme Download (Extreme-Down.com). Оваа услуга беше втора најпопуларна пиратски веб-страница во Франција, од каде што беше иницирана акцијата за нејзино затворање, пренесе Bug.

Extreme Download постоеше околу 15 години и долго време се спротивставуваше да биде исклучен. Тие често менуваа домени, избегнуваа блокирање на француските интернет провајдери и деиндексирање од Google и на крајот „паднаа“ кога беше откриен главниот оператор на страницата.

Тој беше идентификуван како Тунижанец, кој управуваше со страницата од Хоумт Соук на тамошниот остров Џерба. Откако бил откриен, сопственикот на страницата ги предал сите свои домени на здружението ACE.