Зеленски ја поздрави пресудата на холандскиот суд за соборениот малезиски авион

од Destan Jonuzi
148 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави денешната одлука на холандскиот суд за соборениот малезиски патнички авион во неговата земја во 2014 година, јавија западните медиуми.

Зеленски на Твитер одлуката на судот ја нарече „важна”, но нагласи дека на оние кои го наредиле нападот сега мора да им се суди. „Затоа што чувството на неказнивост води до нови злосторства”, напиша тој на социјалната мрежа.

Украинскиот претседател увери дека „казната за сите руски злосторства, и сегашни и минати, ќе биде неизбежна”. „Мора да има крај на оваа илузија дека меѓународната правда нема да ги пронајде и осуди одговорните за злосторствата во сегашната војна со Русија”, повика украинскиот претседател на Твитер

Инаку Окружниот суд во холандскиот град Хаг денеска на казна доживотен затвор осуди тројца осомничени проруски сепаратисти, на кои им се судеше во отсуство за нивната улога во соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс” на летот MH17 над Украина во 2014 година.

На двајца поранешни разузнавачи, Игор Гиркин и Сергеј Дубински, како и на водачот на проруските сили во Украина, Леонид Карченко, им е наложено да платат најмалку 16 милиони евра отштета за роднините на жртвите, јавија британските меидуми.

Сите осудени се во бегство, а се верува дека се во Русија, која нема да ги екстрадира, наведуваат британските медиуми. Четвртиот осомничен, Олег Пулатов, е ослободен.

Окружниот суд претходно денеска пресуди дека авионот на на „Малезија ерлајнс’, на летот МХ17, бил соборен над источна Украина со проектил лансиран од противвоздушниот систем „Бук”, од поле во близина на Первомајск, во регионот Доњецк, соопшти судијата Хендрик Стенхуис.

Судот соопшти дека Русија имала целосна контрола врз проруските сили во областа во моментот кога бил соборен авионот.

Пресудата се изрекува по повеќе од осум години откако авионот „Боинг 777″, што летал од Амстердам за Куала Лумпур, на 17 јули 2014 година беше соборен, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот

Слични содржини