Зеленски ги отфрли предлозите на Кина и Бразил за прекин на војната

од Илинка Илиоска
82 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли напорите на Кина и Бразил да ја запрат војната во Украина.

Во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН, тој праша зошто тие земји предлагаат алтернатива на неговата мировна формула и предупреди дека Кина и Бразил „нема да го зголемат своето влијание на сметка на Украина“.

„Мировната формула постои две години и можеби некој сака Нобелова награда за неговата политичка биографија, за замрзнато примирје, наместо вистински мир, но единствената награда што Путин ќе ви ја даде за возврат се дополнителните страдања и катастрофи“, рече украинскиот претседател.

Зеленски додаде дека предлагањето „алтернативи, полурешенија, таканаречени збирки на принципи“ ќе му даде политички простор на рускиот претседател да ја продолжи војната.

Кина се обидува да ги вклучи земјите во развој да се приклучат на мировниот план од шест точки што го објави во мај со Бразил.

Нивниот предлог повикува на меѓународна мировна конференција „оддржана во вистинско време, признаена и од Русија и од Украина, со еднакво учество на сите страни, како и искрена дискусија за сите мировни планови“.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се залагаше за овој план кога вчера се обрати на Генералното собрание.

Зеленски планира утре во Белата куќа да му претстави „план за победа“ на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Слични содржини