Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е извршена инспекција во врска со испораката на гранати на одбранбените сили на Украина и ја нагласи важноста од реално исполнување на обврските од страна на партнерите.
„Веќе има неколку извештаи од врховниот командант на вооружените сили Александар Сирски. Фронтот се нашите позиции, пред сè, тоа е насоката Покровски, во нашиот Доњецки регион. Ги разбираме чекорите и стануваме посилни“, изјави Зеленски.
Тој додаде дека операциите во регионот Курск се во тек.
„Нашата борбена работа продолжува, чекори се преземаат. Ние контролираме одредени области“, рече претседателот на Украина.
Тој им се заблагодари на сите единици за натамошното надополнување на „фондот за размена“, пренесува Танјуг.