Зеленски го претстави новиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха

од Milan1
27 прегледи

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го претстави новоименуваниот министер за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха и изјави дека еден од приоритетите на работата на неговото министерство треба да биде одржување на продуктивен втор мировен самит оваа година.

– Потребен ни е продуктивен втор мировен самит оваа година. Тоа значи максимално вклучување на светот во имплементацијата на Формулата за мир и максимално зајакнување на нашите позиции за процесот на враќање на мирот да биде навистина фер, рече Зеленски.

Според него, мирот за Украина и праведен крај на оваа војна не е само историска мисија, туку секојдневна и многу макотрпна работа.

– Убеден сум дека Украина е способна да заврши таква работа да победи во оваа војна и да обезбеди мир, рече тој.

Зеленски како еден од неговите приоритети го спомена и зголемениот фокус на соседните земји.

– Разбираме колку е тежок политичкиот процес, на пример, сега во Полска. Згора на тоа, таму наскоро ќе започне нов изборен процес. Ја разбираме ситуацијата во Унгарија, ја разбираме ситуацијата во Словачка, Молдавија, Романија. Сето тоа бара деликатност, истрајност и заштита на украинските интереси, како и нашите заеднички интереси со нашите соседи, нагласи украинскиот претседател.

 

Слични содржини