Зеленски го претстави „Планот за победа“ на самитот на ЕУ

од Milan1
8 прегледи

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го претстави „Планот за победа“ на самитот на Европската унија во Брисел. Како што јави „Укринформ“, Зеленски ги претставил петте точки од украинскиот мировен план за победа, кој вчера тој ги претстави пред Врховната Рада.

Планот за победа вклучува пет точки: првата е геополитичка, втората и третата се воени, четвртата е економска и петтата е безбедносна. Првите четири точки се однесуваат на времето на војната, додека последната се однесува на времето по завршувањето на војната, „за да се спречи нова инвазија“. Зеленски ги повика и лидерите на Европската унија да и дадат на Украина 35 милијарди евра што е можно поскоро.

„Вашата политичка одлука да и доделите 35 милијарди евра на Украина според резолуцијата на Г7 во врска со 50 милијарди долари замрзнати руски средства е исклучително важна и треба да се спроведе што е можно поскоро. Русија мора да плати за настанатата штета. Заедно мораме да го доближиме мирот“, рече Зеленски.

Советот на ЕУ на 9 октомври се согласи да и обезбеди на Украина помош во износ од 35 милијарди евра, како и нов механизам кој ќе и помогне на Украина да отплати заеми во износ до 45 милијарди евра, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини