Зеленски го разреши командантот на Здружените сили Јуриј Содол

од Milan1
111 прегледи

По извештаите за големи загуби во украинските вооружени сили, претседателот Володимир Зеленски го смени генерал-полковник Јуриј Содол од неговата позиција како командант на Здружените сили на украинските вооружени сили. На местото на Содол ќе дојде бригадниот генерал Андриј Гнатов, рече Зеленски во неговото  видео-обраќање емитувано доцна во понеделникот вечерта во Киев. Претседателот не ги наведе причините за отказот.

Претседателскито кабинет во Киев ја објави одлуката на Зеленски за промена на персоналниот состав во командата во Здружените сили.

Меѓутоа, шефот на штабот на контроверзниот неонацистички Баталјон Азов, Богдан Кротевич, претходно поднел пријава против Содол, пишуваат медиумите. Тој го обвини командантот за невнимателни наредби што довеле до големи жртви.

„Тој уби повеќе украински војници од кој и да е руски генерал“, напиша Кротевич на Фејсбук, без конкретно да го именува Содол. Истовремено, тој побара генерал-полковникот да биде ставен под истрага за „можна соработка“ со Русија.

Според украинските медиуми, Кротевич барал разузнавањето Службата за безбедност на Украина (СБУ) да го истражи Содол  „за загубата на територии и животите на илјадници војници“. Слични обвинувања претходно упати и пратеничката Марјана Безугла.

 

Слични содржини