266
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека проруските сили во Донбас ракетирале една детска градинка и дека тоа претставува „голема провокација“.
„Важно е дипломатите и ОБСЕ да продолжат со мониторинг активностите како дополнителни одвраќачки средства. Ни треба ефикасен механизам за евидентирање на сите прекршувања на примирјето“, напиша Зеленски на Твитер.
Утринава проруските сили ги обвинија украинските владини сили дека четири пати отвориле оган на нивна територија во изминатите 24 часа, додека Украина ги обвини бунтовниците дека пукале со гранати, од кои некои наводно ја погодиле зградата на градинката.