Зеленски ја откажа средбата со Германците

од Milan1
220 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја откажа средбата со германската министерка за надворешни работи поради несогласувањата околу гасоводот Северен тек 2 и воената помош за Киев, објави Си-Ен-Ен.

Извор близок до украинската влада ми кажа дека претседателот Зеленски денеска ја откажал средбата со германската министерка за надворешни работи бидејќи таа одбила да каже дали Германија ќе го напушти проектот Северен тек 2 доколку Русија изврши инвазија, како и одбивањето на Германија да обезбеди каква било каква директна или индиректна воена помош за Киев, напиша на Твитер новинарот на Си-Ен-Ен, Џејк Тапер, а пренесува руската агенција ТАСС.

Тој додаде дека ова откажување официјално е окарактеризирано како „грешка во распоредот“.

„Многумина во Источна Европа и Киев се повеќе ја гледаат Германија како руски сојузник, а не како западен сојузник“, рече репортерот на Cи-Ен-Ен, цитирајќи го истиот извор.