Зеленски: Мајките на руските војници да проверат дали тие се живи

од Milan1
379 прегледи

Секоја мајка, која знае дека нејзиниот син е пратен во војна против Украина, мора да провери каде е тој. Особено оние, кои не можат да ги контактираат своите деца, им се обрати украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на мајките на руските војници, во својот говор измината ноќ.

Зеленски информираше дека се заробени нови руски регрути. Како што појасни претседателот, меѓу нив има и такви, кои одбиваат да се вратат во Русија. Имало и такви, кои руското раководство не ги спомнува и не се обидува да ги врати.

Според Зеленски, многумина што се заробени, во Русија се прогласени за мртви.

Тој додаде дека на интернет може да се најдат телефонски броеви, каде доколку се јават, мајки на војници ќе дознаат што навистина се случува со нивните деца.

Зеленски истакна дека на никого не му се потребни уште неколку илјади загинати војници.

„Не ни требаат уште 13.000 или толку загинати руски војници. Ние само сакаме мир“, нагласи Зеленски.

Слични содржини