Зеленски му го одзеде државјанството на митрополитот на Украинската православна црква

од Milan1
30 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го одзеде државјанството на земјата на митрополитот на Украинската православна црква (УПЦ), која е дел од Московската патријаршија на Руската православна црква, објави Безбедносната служба на Украина (СБУ).

СБУ тврди дека митрополитот Онуфриј, чие вистинско име е Орест Березовски, е државјанин на Руската Федерација од 2002 година, за што не ги информирал украинските власти, а исто така го обвинува и за одржување врски со Московската патријаршија, која „ја поддржува руската агресија против Украина“, објави денес украински Интерфакс.

„И покрај целосниот обем на инвазијата, Онуфриј практично продолжува да ја поддржува политиката на Руската православна црква и нејзиното раководство, вклучително и патријархот Кирил“, соопшти СБУ.

Од 2018 година, во Украина постои делумно призната Православна црква на Украина, чија автокефалност е признаена од Вселенската патријаршија на Цариград, Александриската патријаршија, Кипарската црква и Грчката црква, објави Танјуг.