269
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, тврди дека на страната на неговата земја ќе се борат 16.000 странски доброволци.
Тој во видео порака рече дека „Украина ги пречекува првите странски доброволци“, кои се упатија во таа земја „за да ја заштитат нејзината слобода“.
Зеленски зборуваше откако вчера јапонскиот весник „Мајничи“, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека околу 70 доброволци од Јапонија се подготвени да се приклучат на „Украинската легија на странци“.
Изворот навел дека меѓу волонтерите се и 50 поранешни вработени во јапонските сили за самоодбрана, пренесе „Спутник“.
Претходно Зеленски ги повика странските граѓани кои се „пријатели на мирот и демократијата“ да дојдат во Украина и да се борат против Русија.