Зеленски: Ништо за Украина без Украина

од Milan1
45 прегледи

Володимир Зеленски повтори дека има апсолутна желба Украина и Европа да имаат место на маса во какви било мировни преговори со Русија. Зеленски зборуваше на мрежата „Х“ по разговорот со шведскиот премиер Улф Кристерсон и рече дека со него споделил детали од неговиот конструктивен состанок со американскиот пратеник Кит Келог.

„Мораме да бидеме апсолутно јасни: Ништо за Украина без Украина, ништо за Европа без Европа. Работиме на заедничка визија за безбедносни гаранции. Одлуката мора да биде донесена пред да започнат какви било потенцијални преговори, а Европа мора да биде на маса. Она што ни треба е мир, праведен и траен мир, а не само привремен прекин на огнот“, истакна Зеленски.

Слични содржини