134
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните лидери, вклучително и британскиот премиер Риши Сунак, да ја зголемат испораката на широк спектар на системи за оружје во земјата.
„Ве замолувам да ја зголемите можноста за испорака на системи за противвоздушна одбрана во нашата земја и да помогнете во забрзувањето на релевантните одлуки што ќе ги донесат нашите партнери“, го замоли Зеленски Сунак за време на обраќањето со видео врска на состанокот во Латвија со лидерите на земјите на заедничките сили за брза акција предводени од Велика Британија.
Самитот се одржува во Рига, а покрај Британија во групата се и Данска, Исланд, Литванија, Летонија, Естонија, Норвешка, Финска, Шведска и Холандија.