Зеленски: Победата на Украина над Русија зависи од САД

од Milan1
34 прегледи

Планот за победа… зависи пред се од поддршката на САД и „другите партнери“, рече Зеленски и додаде дека за тоа ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден.

Зеленски го изјави ова во пресрет на претседателските избори во САД на 5 ноември.

-Планот треба да биде претставен пред вториот мировен самит за Украина што се очекува до крајот на годината, кој треба „сериозно да ја зајакне Украина“ и „да ја принуди Русија да ја прекине војната“, додаде тој.

Подготовката на тој план Зеленски веќе ја спомена на прес-конференција на крајот на август, без да навлегува во детали.

Тогаш тој само рече дека украинскиот напад во руската област Курск на почетокот на август е дел од тој план, со надеж дека Украина на тој начин ќе добие поцврста позиција за евентуални мировни преговори со Москва.

Републиканците се длабоко поделени околу Украина и изборниот успех на Доналд Трамп може радикално да ја промени американската надворешна политика. Соработниците на Трамп навестија дека ако тој победи, тие ќе ја искористат помошта за да го принудат Киев да направи територијални отстапки кон Русија за да ја запре војната.

Слични содржини