Зеленски подготвен за размена на територии со Русија: Украинските области под руска контрола во замена за Курск

од Milan1
30 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија, објавија светските медиуми.

Тој не прецизираше кои украински територии би биле предмет на таква размена. – Не знам, ќе видиме. Но, сите наши територии се важни, нема приоритет, додаде Зеленски.

Русија моментално окупира околу 20 отсто од територијата на Украина, особено во источните и јужните региони. Широката инвазија започна на 24 февруари 2022 година и трае речиси три години. Во август минатата година, Украина изведе неочекувана офанзива во западниот дел на руската Курска област, а и покрај руските контраофанзиви, сè уште контролира дел од освоената територија.

Според претставници на Киев, операцијата во Курск била со цел да ги заштити пограничните региони, а заземените територии би можеле да се користат како предност во евентуални мировни преговори.

Слични содржини