Зеленски: Постојат шанси војната да заврши следната година, сакам да ги слушнам предлозите од Трамп

од Milan1
22 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека верува оти постојат многу шанси војната да заврши во 2025 година. Тој го соопшти ова за време на разговор со странски медиуми во рамките на третата меѓународна конференција за безбедност на храната „Жито од Украина“, пренесува Укринформ.

Што се однесува до кога ќе заврши војната, Зеленски истакна кога Русија ќе посака да ја заврши оваа војна. Тогаш, кога Америка ќе има посилна позиција. Потоа, кога Глобалниот југ ќе е на страната на Украина и на страната на завршување на војната“, истакна Зеленски.

Тој нагласи и дека е сигурен дека порано или подоцна сите овие дејствија ќе се случат и дека ќе се донесат одлуки.

„Ќе биде тежок пат, но сигурен сум дека ги имаме сите шанси да го направиме тоа следната година“, истакна Зеленски.

Тој прецизираше дека постојат соодветни чекори за ставање крај на војната содржани во украинската мировна формула, но во исто време разбира дека Русија нема да ги преземе сите овие чекори.

Тој додаде дека сите чекори што ги презема Киев се засноваат на Повелбата на ОН, пренесува „Танјуг“.

„Отворени сме за предлозите на лидерите на африканските, азиските и арапските земји. Сакам да ги слушнам предлозите на новиот претседател на Соединетите Американски Држави. Мислам дека ќе ги видиме веќе во јануари и ќе имаме план да стави крај на оваа војна“, заклучи тој.

Слични содржини