306
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за „присилно одземање” на имоти во сопственост на Русија и нејзините жители во Украина.
„Зеленски го потпиша законот усвоен од Врховната Рада на Украина – За основните принципи на присилно одземање во Украина на имоти на Руската Федерација и нејзините жители”, се вели во соопштението објавени на веб-страницата на украинскиот парламент.
Спроведувањето на овој закон ќе го води Комитетот за економски развој.
Во документот се наведува дека „присилното одземање” на имотот се врши без никаков надоместок за неговата вредност.