Зеленски: Правиме се за да ја зајакнеме заштитата на украинското небо

од Milan1
36 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека најважно во моментов е да се зголеми капацитетот за заштита на украинскиот воздушен простор.

„Ние правиме сè за оваа цел. Ако може да се постигне таков значаен резултат во одбраната против „Шахедите“, тогаш тоа е очигледен доказ дека можеме да бидеме посилни во одбраната од проектили и во одбраната од руските воени авиони“, нагласи Зеленски во вечерашното видео обраќање а пренесува „Укринформ“.

Според него, се зависи од оружјето во рацете на украинските војници, поради што се неопходни сигурни системи за противвоздушна одбрана и доволен опсег на оружје.

„Рускиот терор мора да губи секој пат кога окупаторот ќе се обиде да го наруши животот во Украина. Ова не е само наша безбедност. Ова е безбедност на сите блиски до Русија. Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери и ќе ја снабдуваме Украина со она што е неопходно за нашата одбрана, да се произведе заеднички неопходно оружје, тоа е заедничка заштита на сите во Европа, на сите во светот кои го ценат животот“, нагласи тој.

Зеленски рече и дека украинската страна подготвува нови безбедносни договори, договори на мултилатерално ниво со партнерските земји, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини