Зеленски пристигна во Исланд, ќе разговара за неговиот План за победа

од Илинка Илиоска
12 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Исланд за да разговара за неговиот план за победа, како и за билатералната соработка.

„Ја одбележувам мојата прва работна посета на Исланд, каде што ќе учествувам на четвртиот самит од форматот ‘Украина плус Северна Европа’ и ќе имам билатерални разговори“, напиша Зеленски на социјалната платформа Икс.

Тој додаде дека фокусот на разговорите ќе биде ставен на финансирањето на националното производство на оружје, способностите за гаѓање од долг дострел и воените кампови за обука на украинските сили.

Слични содржини