Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот лидер Владимир Путин е „оној кој одредува сè во Русија“ и дека тој е „оној кој треба да одлучи за прашањето на војната“.
„Путин е оној кој одредува сè во Русија, тој е оној кој треба да одлучи за прашањето на војната. Ова е негова војна. Затоа, треба да се водат преговори со него. Нашиот тим моментално активно се подготвува за посетата на Турција“ рече Зеленски.
„Денес детално им ја презентиравме позицијата на Украина на сите наши партнери“, додаде Зеленски во видео обраќање до јавноста. Според него, „секој сигнал дека е потребен прекин на огнот долгорочен и безусловно е многу важен“.
Украинскиот лидер претходно оцени дека одбивањето на рускиот претседател да се сретне со него во Турција „ќе биде конечен доказ дека Русија не сака мир“, пренесува Танјуг.