Зеленски рече дека се „оладил“ во врска со влезот на Украина во НАТО, „Алијансата се плаши од Русија“

од Milan1
300 прегледи

Запрашан за можноста за признавање на Крим и самопрогласените републики во Донбас, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека постои можност властите во Киев да разговараат и да најдат компромис за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму, пренесуваат „РИА Новости“.

„Можеме да разговараме за тоа и да најдеме компромис за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму“, рече Зеленски на прашањето за можноста за признавање на Крим и самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, пренесува Спутник.

„Она што е важно за мене е да разберам како луѓето ќе живеат на тие територии, кои сакаат да бидат дел од Украина“, истакна украинскиот лидер.

„Што се однесува до НАТО, се „оладив“ по ова прашање откако сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина. Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Русија“, изјави Зеленски за „AБЦ“.

Слични содржини