Зеленски: Русија се обидува да ја истисне Америка од преговорите

од Milan1
85 прегледи

Русија се обидува да ги истисне Соединетите Американски Држави од мировните преговори за да го покаже своето лидерство, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски на брифинг рече дека верува оти Москва не е подготвена за она за што е подготвена Украина, a и дека Кремљ е убеден дека Украина не е подготвена за брзи, точни и силни чекори, објави Укринформ.

Тој нагласи дека украинската страна е подготвена за акција, не се плаши од Русија и конкретно одговара на нивните прашања.

„Кога имаат некакви забелешки во разговорите, мислам дека ја туркаат Америка надвор од преговорите за да го покажат своето лидерство.“

„Toa се случува, реагираме на тоа вака: Мислам дека Америка е вистинскиот лидер, сакаме тие да учествуваат, сакаме тие да извршат притисок врз Русија“, рече Зеленски, пренесува „Танјуг“.