Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби

од Milan1

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесуваат британските медиуми.

– Овој терор може да се запре само со сила – силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели.

Слични содржини