Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди распоредувањето руски војници во близина на границите на Украина како средство за „психолошки притисок“, на денот на започнувањето на заедничките руско-белоруски маневри на територијата на Белорусија.
„Сметаме дека акумулацијата на војници во близина на нашите граници е средство за психолошки притисок од нашите соседи“, рече Зеленски, се вели во соопштението од Претседателството.
Руската и белоруската армија почнаа десетдневни воени маневри во Белорусија.
Киев и Западот стравуваат дека акумулацијата на руските сили во близина на Украина сугерира инвазија на таа земја. Русија негира дека планира напад.